На Меѓународниот аеродром Скопје пристигна првиот чартер лет на „Фрибрд ерлајнс“ со 180 германски туристи

од Vladimir Zorba
49 прегледи

Денеска на Меѓународниот аеродром Скопје пристигна првиот чартер-лет на авиокомпанијата „Фрибрд ерлајнс“, кој ја донесе првата група од 180 германски туристи. Со ова се одбележа почетокот на овие чартер-летови кои ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром секој ден, почнувајќи од денеска до почетокот на јуни, и потоа од октомври до средината на декември. Се очекува овие организирани летови да донесат 35.000 туристи во земјава.

Главниот извршен директор на германскиот тур-оператор RSD Reisen Хорст Живковиц, истакна дека нивните клиенти со нетрпение чекаат да ја посетат нашата земја и оти до крајот на сезоната планираат да донесат 35.000 гости.

-Досега имаме договорено летови за 25.000 патници кои ги резервираа овие тури од Германија, Австрија, Франција и Велика Британија, и до крајот на сезоната очекуваме да донесеме 35.000 гости. Убеден сум дека гостите ќе уживаат во вашата прекрасна земја, историјата и топлото добредојде на луѓето кои живеа овде. Јас навистина уживав кога ја посетив Северна Македонија, изјави Живковиц.

Авиокомпанијата ангажирана од македонски и германски тур-оператори во соработка со македонската Влада, ќе лета до скопскиот аеродром секој ден од февруари до јуни, и од октомври до декември.

Авиокомпанијата ангажирана од македонски и германски тур-оператори во соработка со македонската Влада, ќе лета до скопскиот аеродром секој ден од февруари до јуни, и од октомври до декември. Се очекува оваа програма за дојдовен туризам да донесе вкупно 35.000 европски туристи од Германија, Франција и Велика Британија.

Европските градови од кои ќе полетува „Фрибрд ерлајнс“ и ќе слетува на скопскиот аеродром се – Хамбург, Хановер, Минхен, Штутгарт, Берлин, Лајпциг, Дизелдорф и Франкфурт (Германија), Манчестер, Лондон – Гетвик (Велика Британија) и Париз, Лион и Марсеј (Франција).

Слични содржини