На месечината на Јупитер Европа може да има гејзери водена пареа

од Vladimir Zorba
124 прегледи

Астрономи од НАСА објавија дека се сретнале со нешто што личи на гејзери водена пареа на замрзнатата површина на Европа – една од месечините на Јупитер, под која се знае дека има океан.5084583

Набљудувањата спроведени со помош на ултравиолетови зраци од вселенскиот телескоп “Хабл” ја зголемуваат можноста да се соберат примероци од оваа вода и мраз, без да е потребно на површината да слетува робот кој ќе пушта сонда.

“Океанот на Европа се смета за едно од најветуваните места во Сончевиот систем, каде што потенцијално може да постои живот, нагласува Џеф Јодер, директор на одделот “Научни мисии “во НАСА.

“Ако постоењето на овие гејзери се потврди, тоа ќе обезбеди друг начин за собирање на примероци од водата, која се наоѓа под мразот”, рече тој. Овие струи водена пареа може да достигнат висина до 200 км. Два тима научници користејќи различна методологија, со помош на спектрограф на “Хабл” стигнале до исти заклучоци во врска со можноста да има такви гејзери со водена пареа.

Ако овие набљудувања бидат потврдени Европа ќе биде втората месечина во Сончевиот систем со таков феномен. Во 2005г. сондата “Касини” на НАСА забележа ерупција на водена пареа од површината на природниот сателит на Сатурн Енцелад.

Европа има огромен океан, кој содржи два пати повеќе вода од сите земни океани заедно, кој сепак се наоѓа под исклучително тврд мраз, чија дебелина на оваа фаза е непозната.