Поранешниот фудбалски ас и човекот чиј семеен живот секој будно го следи – Дејвид Бекам, на социјалните мрежи ја честиташе Новата година. Сепак, честитката што ја остави со повеќе слики, трогна многумина, бидејќи уште еднаш изрази голема благодарност до оние кои му беа најблиски и беа со него во неговите успеси и неуспеси.
Дејвид објави фотографии со својата сакана Викторија, но како што следеа сликите со нивните бакнежи, имаше и такви со деца и кучиња со зборови кои го топат срцето.
View this post on Instagram
– Среќна Нова Година од мене, мојата сопруга и моите прекрасни деца. Ви благодарам за незаборавната година и на сите им посакувам среќна и здрава 2025 година. Ве сака Дејвид – напиша тој во описот на објавата која кажува повеќе од илјада зборови.
Дури и неговата сопруга напиша во коментар зборови на љубов кон својот сопруг и кратко „Те сакам“, со што го разубави овој пост.
Дејвид Бекам често истакнува дека Викторија му го променила животот и дека е почестен што со неа изградил прекрасно семејство. Тој се смета себеси за богат човек, не само поради успесите во фудбалот и кариерата што ќе се памети, туку и поради децата со кои се гордее.