На најголемиот сателит на Плутон во минатата имал океан

од Vladimir Zorba
116 прегледи

Фотографии од сондата ” Нови хоризонти ” открија дека Харон , најголемиот сателит на Плутон, имал течен океан под слојот мраз на површината, соопштува Франс прес.

2797436900000578-3039574-image-a-27_1429091192532
Харон бил снимен од камерата Лори од далечина од 78 илјади километри на 15 јули 2015 година. Од сликите се гледаат тектонски пукнатини со големи Висорамнина и многу длабоки долини.
Таква испреплетеност на кањони е една од најдолгите забележани во Сончевиот систем. Таа се шири најмалку 1800 километри со длабочина која достигнува до 7,5 километри. За споредби Гран Кањон во Колорадо е со должина од 446 километри при максимална длабочина од 1,6 километри.
Тектонскиот пејзаж на Харон зборува за тоа дека оваа месечина на Плутон била зголемена во минатото и тоа е од напукнувањето на нејзината површина. Надворешниот слој е составен од мраз. Во рана фаза оваа површина била затоплувана од распадот на радиоактивни елементи и од внатрешната топлина по обликувањето на јадрото. Во тоа време Харон бил доволно загреан за да постои течен океан под ледената обвивка.