Ситуацијата во источна Украина драстично се изострува, но завојуваните страни се чини, немаат намера да го забрзаат решавањето на конфликтот. Дури напротив – и двете страни прогласуваат сеопшта мобилизација, пишува португалското издание “Observador”.

“По 10 дена во Донецката народна република ќе биде прогласена сеопшта мобилизација, планира да се даде оружје на 100 илјади луѓе”, изјави претседателот на самопрогласената Доњецка народна република Александар Захарченко. Ако тој, како што веќе не еднаш се случило, не противречи на сопствените изјави, вооружените сили на ДНР ќе се приклучат на самопрогласената Луганска народна република.
Слични чекори ќе бидат оправдани како одговор на објавената од Киев “свиок-по-свиок “мобилизација, која во 2015 година треба да опфати 104 илјади луѓе.
Што се однесува до преговорите, тогаш тука ситуацијата се влошува. Проруските сепаратисти се правдаат со тоа дека не потпишале никаков документ за линија на разграничување, создаден во септември минатата година во рамките на преговорите во Минск. Киев зборува за потребата од почитување на условите на односниот документ, додека сепаратистите сакаат промена на линијата на разграничување во согласност со оваа, која постои во моментов и им овозможува да контролираат нови територии, освоени како резултат на офанзивата во јануари.
Меѓу странските играчи Русија продолжува да ги обезбедува сепаратистите се повеќе со оружје и да пушта преку границата илјадници “доброволци” за борба со “фашистичкиот режим” во Киев.
Рускиот министер за одбрана се огласи за зајакнување на групите во војската и силите на стратешките правци поради создадената воено-политичка ситуација околу земјата. Рускиот претседател Владимир Путин, од своја страна, ја разјасни целта на ваквата политика : “Ова веќе не е (украинска) армија, таа е странски легион, во конкретниот случај – странска НАТО Легија”.
Од друга страна, НАТО одлучи да создаде “контролни командни структури” во шест земји сојузници на Алијансата, блиски до Русија: Полска, Романија, Бугарија, Естонија, Летонија и Литванија. Во земјите-членки сепак нема едногласност во однос на тоа во каква форма треба да се реагира на политиката на Москва.
Ако САД се повеќе се склони да им обезбеди на Украина “фатално оружје”, тогаш германската канцеларка Ангела Меркел продолжува да притиска за дијалог и веќе најави дека земјата нема да прави оружени испораки за Киев. Дури и ако ситуацијата продолжи да се влошува, тешко е да се поверува дека земјите од ЕУ ќе стигнат до единствена одлука за испорака на оружје на Киев и најверојатно само неколку од земјите од Европската унија ќе се приклучат на САД за реализирање на оваа идеја.
Чехов рекол: “Ако во првото дејсвие на сцената виси оружје, тоа до крајот на претставата задолжително ќе испика”. Во украинскиот конфликт останува само да чекаме каков вид оружје ќе има на сцената во овој театар на воени дејствија. А можеби оваа војна ќе може да биде запрена, дури кога дојде границата, аналогна или слична со онаа од Карибската криза од 1962 година? Судејќи според руската пропаганда, до мај ќе се случи тоа и расплетот треба да стане јасна во следните месеци.
P.S. Независно од можната времетраење на овој конфликт, во него веќе има еден губитник: тоа без сомнение е Владимир Путин. Рускиот претседател ги втурна народот и земјата во една авантура, за која ќе треба да плати висока и болна цена. Во конфликтот со Украина Путин се покажа како лош тактичар и лош стратег, смета португалското издание.