На патријархот Порфирије не му бил дозволен влез во Косово

од Vladimir Zorba
244 прегледи

Српскиот патријарх Порфирије нешто по 14 часот и 30 минути е вратен од граничниот премин Мердаре. Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, вели дека со ова, „насилството на Курти врз српскиот народ достигна невидени размери“.

По рутинска контрола на српската страна на границата, на косовска страна, автомобилот на патријархот и неговите соработници бил одвоен од конвојот, а на патниците им било кажано „да почекаат“, јавува Н1 Србија.

По четириесетминутното задржување, на патријархот Порфије не му било дозволено да влезе во Косово, по што со своите соработници се вратил во централна Србија.

„Негирањето на правото на поглаварот на Српската православна црква, човек кој проповеда љубов и мир, да престојува во својот дом во Пеќката патријаршија, каде се наоѓа вековното седиште на српските патријарси, е злосторство на кое модерната цивилизацијата не била сведок. Албанските зулумџии денеска влегоа во аналите на историјата“, нагласи Петковиќ.

Слични содржини