На петтиот ден од примирјето, Израел ослободи 30 Палестинци, Хамас 12 заложници

од Radmila Tasevska
205 прегледи

Вечерва, на петтиот ден од привременото примирје во војната со палестински Хамас, Израел ослободи 30 Палестинци што ги држеше во затворите.

Претходно, како дел од договорот, Хамас ослободи 12 заложници од групата што ја држи во Појасот Газа од 7 октомври.

Размената е дел од тековното примирје меѓу двете завојувани страни и додека посредниците во Катар се обидуваат да го продолжат примирјето и по среда. Првичниот четиридневен прекин на огнот, кој истече вчера, беше продолжен за два дена.

Израелската армија вечерва соопшти дека во Египет пристигнале 12 заложници ослободени од Појасот Газа од страна на Хамас. Се додава дека се работи за 10 Израелци и двајца странци.

Заложниците прво ќе одат во болници во Израел, каде ќе се сретнат со своите роднини.

Слични содржини