Нови фотографии со висока резолуција покажуваат дека на Плутон се среќава широк спектар на субјекти – од планини, до песочни дини и парчиња замрзнат мраз.
“Гледаме различни земни форми и сложени процеси кои го надминуваат сето она што сме го откривале во Сончевиот систем досега”, коментира научникот Алан Стерн од “Саутвест рисрч институт” во Колорадо. Кадрите се направени од сондата “Њу хорајзнс” – тоа беше првиот вселенски апарат, кој поминал доволно блиску.
Плутон се сметаше за најдалечната планета од Сонцето, но во 2006 година беше рекласифициран како “планета-џуџе” и досега не бил испитуван. “Њу хорајзонс” ќе продолжи да ги испраќа собраните информации кон Земјата и во наредната година. Следната недела сондата ќе направи фотографии и на месечини на Плутон – Харон, Никс и Хидра.