174
Милитантната група Хамас истрела повеќе од 20 ракети кон јужниот и централниот дел на Израел на почетокот на Новата година, пишува „Тајмс оф Израел“.
Повеќето од ракетите беа пресретнати од израелскиот одбранбен систем „Железна купола“.
Сирените за воздушен напад се активираа во централен Израел, вклучувајќи ги градовите Реховот, Нес Зиона, Холон, Лод, Модин, Ашдод, Сдерот и некои други градови на југ.
Од Брзата помош соопштија дека засега нема извештаи за повредени.