На подводен тенис во Дубаи

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Откако во Дубаи пред неколку години го подигнаа највисокиот тенискорт во светот – на врвот на 1000-метарскиот хотел-облакодер Бурџ ал Араб, сега пак архитектите на оваа богата земја имаат планови да создадат тениско игралиште под вода.92f831016e954987c223a5e89aa78fb8

Очигледно шеикот на Дубаи го сака тенисот, штом му додели задача на градот да стане дом на првиот тенискорт во морето.

Проектот е дело на студиото “8 + 8 Concept Studio” или поконкретно на неговиот основач – архитектот од полско потекло Кристоф Котала.

Тој смислил како да се изгради подводен спортски комплекс, лоциран во морето на Персискиот залив, меѓу Бурж Ал Араб и вештачките острови Палм Џумејра во Обединетите Арапски Емирати.8599092dd409be95f07da466f8248330

Предложената структура ќе има седум сали со стаклени покриви, кои ќе личат на коралниот Атол.

Иновативната идеја веќе им се допаднала на владетелите на Дубаи, како и на потенцијалните идни гледачи, но сепак таа предизвика и многу технички стравувања од инженерите и техничарите.

Според многу инженери проѕирниот таван на теренот, како и целиот комплекс ќе се загрозени од протекување и не е јасно дали ќе издржат земјотреси и цунами.

Освен тоа не е јасно дали тенисерите би можеле да играат во оваа чудна рефракција на светлината од стаклениот покрив на овој гигантен аквариум.

Погледнете слики на проектот во галеријата.