Иако на многу паметни луѓе може да им биде полесно да учат, да запомнат и да извршуваат задачи, во еден аспект, просечно интелигентни луѓе имаат предност во љубовта.
Според истражувањето, интелигентните луѓе имаат тенденција да ја анализираат ситуацијата и, потпирајќи се на претходните настани, предвидуваат што може да се случи. Бидејќи тие се потпираат на менталниот аспект во врските, паметните луѓе имаат поголема веројатност да ја прекинат врската на првиот проблем.
Зошто паметните луѓе немаат среќа во љубовта?
Ако искуството е најдобриот наставник, интелигентните луѓе ќе се потпрат на искуството за да ги води низ сите ситуации. Меѓутоа, во овој случај, иако поминуваме низ слични ситуации во секоја врска, она што уништило една врска, не мора да уништи друга. Претераното размислување за поранешните љубови може да донесе многу потешкотии во новата врска.
Токму поради искуството од претходните врски, интелигентните луѓе имаат тенденција да постават „гард“ и тешко се отвораат. Нивниот аналитички мозок не престанува да размислува за минати ситуации, па веднаш доаѓаат до заклучок дека тоа ќе се повтори.
Исто така, истражувањето покажало дека паметните луѓе сметаат дека е подобро да бидат сами отколку со погрешна личност и дека ова е една од главните причини зошто им е тешко да најдат партнер.