381
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека неговата земја ќе ја поддржува Полска во продолжението на спорот поради инсистирањето на Европската унија нејзините земји-членки да го почитуваат владеењето на правото или во спротивно ќе го изгубат пристапот до пари од буџетот на Унијата.
Орбан, кој цврсто стои покрај полскиот премиер Матеуш Моровиецки, во соопштението за печатот во Будимпешта рече дека сегашниот предлог на ЕУ е неприфатлив за Будимпешта и Варшава, кои ќе формира тандем во дебатата по заедничкото вето, што Орбан го нарече легитимна алатка во спорот.