На продажба е болидот на McLaren што го возеа Монтоја и Хамилтон

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Автомобилот McLaren-Mercedes MP4-21 од 2006 година, управуван од Хуан Пабло Монтоја и Луис Хамилтон, ќе биде продаден на аукција на 16 август, со очекувана цена до 3,5 милиони долари.

MP4-21 беше дизајниран од легендарниот Ф1 дизајнер, Адријан Њуи и беше неговиот последен проект за McLaren пред да замине во Red Bull. Станува збор за шасија 21А-03, која Монтоја ја користеше на трките во Бахреин, Малезија и Австралија. Колумбиецот не победи во овој автомобил, кој подоцна беше користен како резервен автомобил во Монако.

Аукциската куќа RM Sotheby’s тврди дека овој автомобил бил тестиран од Хамилтон во Елвингтон и Херез пред да потпише за McLaren во ноември 2006 година. Автомобилот потоа заврши во складиште и беше реставриран од McLaren Racing Heritage во 2019 година. Не е познато кога ја напушти колекцијата на McLaren, но се знае дека е еден од првите болиди што ги возел Хамилтон. Исто така, тој е еден од ретките што Хамилтон ги возел без да биде дел од колекцијата.

За разлика од другите стари Ф1 болиди, шасијата 21AA-03 го има оригиналниот погон. Тоа значи дека 2,4-литарскиот атмосферски V8 мотор од Mercedes, кој развива 750 КС и „врти“ со 19.000 вртежи во минута, сè уште е таму. Овој мотор е поврзан со седумстепен McLaren менувач.

Монтоја и Кими Раиконен возеа за McLaren во сезоната 2006 година, а потоа Колумбиецот замина по десеттата трка за да вози НАСКАР. Тој беше заменет со Педро де ла Роса, а на крајот од сезоната тимот заврши на третото место во конструкторскиот поредок.

Слични содржини