134
Францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дарманен денеска изјави дека 457 лица се приведени, а 441 полицаец се повредени во инцидентите за време на протестите ширум земјата против реформата на пензискиот систем.
Имаше „многу демонстрации во Франција во четвртокот, а некои од нив станаа насилни, особено во Париз, доцна синоќа“, изјави Дарманен за ТВ каналот CNews.