Лејди Гага секогаш е средена од пети до глава кога се појавува на улиците во Њујорк. Но во последниот месец, откако се врати од сетот на филмот „Куќата на Гучи“, не престана да ја изненадува јавноста со ново модно експериментирање, кое е на работ да се нарече неуспешно.
Додека ја напушташе „Radio City Music Hall“ во Њујорк, Лејди Гага покажа навистина интересен стајлинг.
Таа комбинираше кратки, тесни хеланки и краток топ со тенки прерамки со чевли на платформа во бела боја.
Заедно со небесно синиот комплет, кој е сличен на оние наменети за вежбање, таа додаде мала, елегантна чанта во бела боја.
Пејачката се сокри зад темни очила, а имаше златни тркалезни обетки.
Овој нејзин стајлинг изненади многумина, особено ако ги земеме предвид одличните модни инспирации во ретро стил, со кои таа не воодушеви во последните недели.