На работ на војна!?- С. Арабија ја бомбардирала амбасадата на Иран во Јемен

од desk3
99 прегледи

Иран ја обвини денска Саудиска Арабија дека воени авиони на кралството “намерно” ја нападнале амбасадата на Техеран во Јемен, пренесоа “Ројтерс”. Ова може дополнително да ги влоши тензиите во регионот, откако Ријад ги прекина дипломатските односи со Исламската република.

iran

“Саудиска Арабија носи одговорност за нанесување на штета на амбасадата на Иран и за ранување на некои од вработените “, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Техеран Хосеин Џабер Ансари ,.

Сведоци и жители на областа на јеменската престолнина Сана во која се наоѓа дипломатската мисија, раскажуваат дека во зградата нема поштетувања. Велат дека воздушните напади погодиле плоштад, кој се наоѓа на околу 700 од амбасадата, а неколку камења и шрапнел паднале во дворот на зградата.

Зголемената дипломатски конфликт меѓу Саудиска Арабија и Иран по егзекутирањето на познат шиитски свештеник во Ријад се повеќе ги намалува изгледите за решение на конфликтот во Јемен. Во март минатата година предводената од Саудиска Арабија коалиција започна воена операција во Јемен против шиитските бунтовници хути поддржани од Иран.

Портпаролот на коалицијата – бригадниот генерал Ахмед Асери, објасни дека во средата вечерта се нанесени масовни напади против ракетни лансери на хутите. Тој додаде дека коалицијата ќе ги провери тврдењата на Иран, но изјави дека бунтовниците често немаат лансери во цивилни објекти, вклучувајќи и во напуштени амбасади.

Асери додаде дека коалицијата побарала сите држави да ги обезбедат координатите на своите амбасади во Јемен. Тој рече дека обвинувањата кои почиваат на информации, дошјдени од хутите, не се веродостојни.

Додека Ријад ги разгледува хутите како средство на вечниот непријател Иран за зголемување на своето влијание во регионот, самите бунтовници ги негираат ваквите обвинувања. Хутите тврдат дека водат револуција против корумпираните влади и против земјите од Заливот, поддржани од западниот свет.