На Расел Бренд му откажуваат емисии откако беше обвинет за силување

од Vladimir Zorba
339 прегледи

Настапот на Расел Бренд на фестивалот во Австралија, закажан за следната година, е откажан откако комичарот беше обвинет за силување и сексуален напад.

Бренд (48) требаше да учествува на фестивалот Wanderlust во февруари 2024 година, но сега и фестивалот и Бренд се договорија настапот да не се одржи.

„Поради околностите кои неодамна излегоа на виделина, Wanderlust и Расел Бренд се договорија господин Бренд да не се појави на фестивалот Wanderlust“, напишала во изјавата извршната директорка на овој фестивал, Шарлот Хил, пренесуваат странските медиуми.

Бренд беше најавен претходно оваа година како говорник на велнес фестивалот што се одржа во Бризбејн, Сиднеј и Мелбурн.

На веб-страницата Wanderlust, Бренд е опишан како „препознатлив говорник за зависности и закрепнување”.

Патем, Бренд претходно ги одложи преостанатите претстави на неговата турнеја Bipolarisation.

„Ги одложуваме овие неколку преостанати добротворни претстави за да собереме средства за борба против зависноста, не сме среќни поради тоа – но знаеме дека ќе разберете“, рекоа промоторите на турнејата во кратката изјава.

YouTube неодамна ја блокираше монетизацијата на неговите канали на YouTube, а BBC и Channel 4 ги отстранија неговите емисии од онлајн платформата.

Слични содржини