
Новиот тренер на Јувентус, Андреа Пирло, го смета Лионел Меси за најдобар играч на светот. Ова може да се види од неговата фотографија со Аргентинецот на Инстаграм од пред скоро 5 години, на која светскиот шампион напиша „Исклучителна средба со најдобриот“.
Секако, Кристијано Роналдо нема да биде фасциниран, затоа што е познат по тоа што секогаш сака да биде перцепиран како бр.1.
Вчера – неколку минути пред објавувањето за назначувањето на Италијанецот – ЦР7 напиша на социјалните мрежи дека клубот мора да ги носи најдобрите одлуки.
https://www.instagram.com/p/_ywZnSj2Nv/?utm_source=ig_web_copy_link