Руските политичари бијат тревога поради континуираното поевтинување на нафтата и предупредуваат за опасност од нов државен банкрот. Аналитичарите, сепак засега се смирени, потпирајќи дека нафтените концерни ќе можат да избегнат банкрот.
Прекуемрниот оптимизам на руската влада исчезнал – на авторитетниот Гадаровски форум во Москва министерот за економија Алексеј Улјукаев зборува за нова економска реалност кон која Русија треба да се приспособи.
Министерот за финансии, Антон Силуанов предупреди дека имајќи ги предвид ниските цени на нафтата дури постои опасност да се повтори банкрот на државата од 1998 година, ако Русија не стави буџетска дисциплина.
Цените на нафтата ќе одат надолу оваа година
За инвеститорите слични зборови се предупредување кое треба да биде сериозно сфатено. Во Русија ризиците се зголемуваат, иако уште е рано за паника. Сегашната цена на нафтата од околу 30 долари за барел е болна за склоните кон трошење на руските власти , но за нафтени концерни ценовна нивото не е критично.
Клаус Шваб: А што ако бегалската криза е претходница на нешто многу поголемо ?
Портпаролот на Роснефт Михаил Леонтиев појасни дека при слична цена, Концернот дури ќе може да продолжи со спроведувањето на плановите за развој на нови наоѓалишта. Во есента претседателот на концернот Игор Сечин дури ги пресмета чистите производствени трошоци на компанијата на четири долари за барел.
Ривалот Лукоил , со сегашната цена на црното злато ќе ги смали инвестициските трошоци за 20%, велат извори од компанијата. Дури кај Лукоил сепак и актуелниот профит не е загрозена, бидејќи трошоците за екстракција се изедначува со 3,68 долари за барел.
Руските нафтени концерни се отпорни кон флуктуации на цените на нафтата, покажа анализата на Merrill Lynch. Им помага врската помеѓу паѓањето на цените на нафтата и курсот на рубљата, како и флексибилниот даночен систем. Всушност даночниот систем во Русија е развиена на таков начин што државата задржува лавовски дел од профитот. При пад на цените сепак државата презема и најголеми ризици, истакнува вицепремиерот Аркадиј Дворкович.
Најевтината нафта создава победници и губитници
Најголемите нафтени концерни ќе останат со профит дури и при цена на нафтата од 15 долари за барел, според Илдар Давичин, аналитичар на Renaissance Capital. Најголем ризик за нив е да не биде променета даночната политика, бидејќи приходите на Кремљ се намалуваат. Сепак на концернот, чии акции се тргува на берза, не му се заканува банкрот, според Антон Рубцов од Vygon Consulting.
При сето тоа веќе има една од жртва на поевтинувањето на нафтата – рубљата. Уште во декември руската валута загуби 10% од вредноста во однос на еврото и доларот. Според повеќето аналитичари надолниот тренд ќе продолжи. Ако нафтата оди надолу кон 25 долари за барел, најверојатно уште во пролетта на оваа година ќе бидеме сведоци на курс од 100 рубљи за долар, предвидува Алексеј Антонов, аналитичар на Alor Broker.
Ова веројатно повторно ќе ја забрза инфлацијата, што пак ја исправа централната банка пред проблеми. За да се стимулира економијата, институцијата би требало да ја намали каматата, но високата инфлација и ги врзува рацете, па ќе мора да продолжи да се придржува кон највисоките водечки камати.
Недостатокот на кредити во Русија исто така, останува актуелен проблем, а западните санкции кои влијаат претежно на финансискиот сектор, ќе останат во сила уште најмалку половина година. За берзата ова се вонредно лоши предуслови.
Во секој случај акционерите во Русија треба да го задржат здивот за долго, при тоа не само акционерите на нафтените и гасни компании. Според податоци на Силуанов, бруто домашниот производ на земјата и во 2016 година силно ќе се намали (за 2,5% до 2,7%). Освен тоа шокот на кинеските берзи ги поремети и надежите за раст, поткрепен од надворешните фактори.
“Бурата на светските берзи нема да помине толку брзо”, вели Андреј Верников од Zuerich Capital Management.
Рускиот пазар останува под притисок. Според Верников има опасност деноминираниот во рубљи индекс MICEX наскоро да падне од сегашните 1670 поени до 1630 поени (на крајот на тргување на 18 јануари индексот падна на 1622,43 поени.
Според експертите меѓу најголемите губитници е енергетскиот гигант Гаспром.
Аналитичарите, сепак се позитивно настроени кон Сбербанк или компанијата за трговија на мало со техника М.Видео.
Најевтината нафтадосега, грозно сценарио за Русија
На пазарот на обврзници, исто многу работи зависат од активностите на централната банка. Во изминатата година зајакнатата учество на руските пензиски фондови на пазарот постојано отвораше нови извори на приходи. Само за периодот април-мај 2015 година се инвестирани 550 милијарди рубли, кои претходно беа замрзнати. Само тогаш странските инвеститори, иако и неодлучно, стапнаа на пазарот.
Издавачите на обврзници се потпираат главно на пензиските фондови и оваа година.
До средината на годината речиси нема да се забележува интерес од странски инвеститори, предвидува Михаил Румјанцев од Росбанк. Тие направија поголеми нови инвестиции во втората половина на 2015 година, потсетува тој.

