Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, во среда ќе учествува на самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија, каде што ќе бидат присутни и претставници на Приштина, но со оглед дека Шпанија не го признава Косово, нема да има симболи на земјата.
Како што беше објавено, Санчез утре ќе отпатува за Љубљана на состанок на лидерите на Европската унија во пресрет на самитот што ќе се одржи со претставници на Западен Балкан.
Последен пат тогашниот претседател на Шпанија, Маријано Рахој, беше поканет на таков собир во 2018 година, но тој одлучи да не присуствува поради учеството на претставниците на Приштина, потсетува каталонскиот весник „Ел Периодико“.
На тој самит, беа отстранети сите симболи на Косово, и тоа, по барање на Шпанија, што ќе се повтори во среда во Словенија, пишува каталонскиот весник.
Заедно со Шпанија, Косово не е признато од Грција, Романија, Кипар и Словачка.
Шпанската влада објави дека оваа недела самитот не се одржува за да се зборува за можноста за проширување на членството, туку за односите на Европската унија со земјите од Западен Балкан.