„НА СЕКОИ 5 СЕКУНДИ ПО ЕДНА ВАКЦИНА“: Малта е прва земја што постигна колективен имунитет

од Nikola Popovski
296 прегледи

Малиот медитерански остров Малта имал просечно по три нови случаи на коронавирус секој ден во текот на изминатата недела, со 0,2 проценти позитивни тестови. Вчера биле пријавени два нови случаи, наведува Ројтерс.

– Една вакцина се дава на секои пет секунди – изјавил вчера министерот за здравство, Крис Ферн на прес-конференцијата, додавајќи дека 42% од возрасната популација примиле две дози, пренесува агенцијата.

Тој додал дека Малта вакцинирала 70 проценти од возрасната популација со најмалку една доза од вакцината против Ковид-19, што ја прави првата земја на Европската унија што постигнала колективен имунитет.

Во моментов, сите жители на Малта постари од 16 години можат да се вакцинираат, а Ферн истакнал дека и децата на возраст од 12 години и повеќе ќе бидат вакцинирани кога европските медицински власти ќе дадат зелено светло.

Тој исто така најавил дека задолжителното носење маски на отворено ќе биде укинато на 1 јули за вакцинираните лица, се додека има малку случаи на вирус.

Здравствените власти претходно најавија дека носењето маски веќе нема да биде задолжително на плажите од 1 јуни.

Ограничувањата за спортските сали и базените се укинати денес, а работното време на рестораните, кои порано работеле до 17 часот, е продолжено до полноќ.

Слични содржини