Ова се динствените кадри кои се вртат во мрежата. На нив пилот секунди пред трагедијата успева да избегне судир со друг летечки објект. Авијатичарот вреска “ебам”, кога гледа како неговиот “Пајпер 28” е на курс да се судри со едрилица на височина од околу 400 метри во близина на аеродромот на Нотингем.
Моменти порано, патникот во авионот може да биде чуен да кажува “о, гледај го ова “, по што едрилица може да биде видена низ прозорецот. Само секунди пред несреќата, пилотот понира лево со авионот и успева да го избегне судирот, и се разминуваат со другиот објектт на околу 10 метри. Веќе по избегнатата смртоносна ситуација пилотот на авионот вели: “Штотуку избегнав судир со едрилица” и додава видливо уплашен дека оди да слета, по што ќе се послужи со “силно виски”. Говорејќи подоцна за инцидентот, кој се случил на 13 мај, пилотот, кој побарал анонимност, вели дека тоа е тоа “не му е дојдено времето да умира”.