Сакајќи, несакајќи, свесно, несвесно, Груевски денеска му оддаде едно неочекувано и врвно, грандиозно признание на Заев. Мислам, да беше струмичанецот навистина толку „без-везе”, Груевски немаше да осети потреба за свикување на ваков чопоративен ритуал на куражење и да потегне цела машинерија за мобилизирање на членството. Врти сучи, сета денешна парада потсетува на црногорскиот виц во кој Никола испадна ем обесчестен ем пакосниот комшија го испрати „ка војводу”.
Можеби ми се причинува, но сета оваа парада на вмро-транс груевизмот ме потсеќа на некои други сцени од минатото. На времето кога Никола со панталони дигнати до пола стомак и со раче во воздух позираше на раскрсцницата пред Судска Палата, со едвај 20 души зад него. И од другата страна на слично како денес масовен митинг и сцена на која Б.Ц. со високо дигната тупаница кажува досетки за “жаби и шлепери”. Панталоните дигнати до стомак на Груевски беа доволно да се потцени расположението на народот за кое СДСМ немаше слух.
Денеска пак, од она што можевме да слушнеме може да се заклучи дека Груевски веќе не го потценува Заев, но засигурно и очигледно е дека се преценува себе си и својата веќе изљуштена каризма. Паничното на „сендвичи разбројс” колективистичко држење за учкури е повеќе од корист за СДСМ отколку за ДПМНЕ, бидејќи краткотрајниот ефект на денешната групировка секако нема да и наштети на спорогоречкиот фитиљ на бомбата на Заев.
Тоа е сепак тоа, далечината на високо поставената трибина не му овозможува да направи разлика помеѓу бројот на луѓе и бројот на души собрани во салата. Но наместо да зури во далечината на непрепознатливите фигури во публиката, да сум на местото на Груевски следниот пат внимателно би ги прегледал изразите на лицата кои стоеја до, околу и блиску пред него. Бидејќи ако навистина важи американската поговорка „доколку погледите можат да убијат”, можеби Заев е единствената позната непознаница во сагата на крајот на груевизмот.
Арсим Зеколи – Фејсбукб статус

