На Шојбле “му се мота низ глава” Русија како лек за бегалската криза

од desk3
97 прегледи

 

 

Последиците од настаните на Блискиот Исток во најголема мера се одразуваат на Европа и во обидите да се регулира кризата таа треба да ги обедини напорите со највлијателните земји во светот – како САД и Русија, пишува министерот за финансии на Германија, Волфганг Шојбле во статија за Frankfurter Allgemeine Zeitung.sojble

“Русија игра клучна улога во решавањето на сирискиот конфликт, а значи – и во решавањето на проблемите со бегалците. Европската стратегија за Блискиот Исток и Африка без учество на Путин е толку незамислива, колку и без САД”, забележува германскиот политичар.

Шојбле додава дека освен во регулирањето на ситуацијата, непосредно во Сирија Русија може да понесе значителен придонес во преговарачкиот процес меѓу другите земји во блискоисточниот регион и да придонесе за намалување на разликите меѓу предводената од Саудиска Арабија коалиција на сунитите и предводена од Иран коалиција на шиитите.
Според гео-стратешки аналитичари Со украинскиот конфликт Путин прво направи безуспешен обид да ja раздвои ЕУ. Сегашната бегалска криза сепак му е корисна вза решавање на низа проблеми. Затоа Кремљ тешко дека има интерес од неодамнешен крај на војната во Сирија.

Паника: Бегалците ја заразија Европа со одамна заборавени болести

Уште во прелиминарната фаза на разговорите за воспоставување на мир во Сирија постигнување на единство беше токму толку тешко како што мерењето на квадратурата на кругот. А тоа укажува колку тешки ќе бидат самите разговори – и тоа не само затоа што на територијата на Сирија регионалните сили водат вонредни војни меѓу себе. Разговорите ќе бидат тешки најмногу поради фактот дека Сирија во меѓувреме стана арена на една друга битка, која само индиректно влијае на регионот. Станува збор за оживеаното од руското раководство стар конфликт меѓу Истокот и Западот.

Уште од самиот почеток на воената интервенција во Сирија, Русија сакаше не само да го поддржи Асад. Оваа интервенција беше нешто повеќе од демонстрација на подготвеност за воени дејствија. Со неа Москва издејствува раздвижување во политичка дебата за односите меѓу Русија и Западот. Дебата која од војната во Украина досега се сведува главно на прашањето каков одговор ќе добие агресивната политика на Кремљ.

Според , аналитичарите Русија нема да сака да помогне за запирање на војната во Сирија ,а со тоа и на бегалците, се додека не падне договор, Западот да се повлече од Украина.