Германската владејачка коалиција ќе ги прекине бенефициите на поранешниот канцелар Герхард Шредер поради поддршката на Русија.
Според весникот „Билд“, се планира да се елиминира можноста за користење на просторот, како и плаќање на персоналот.
Конечната одлука треба да биде донесена утре, на седница на буџетската комисија на Бундестагот.
Германските власти го повикаа Шредер во повеќе наврати да поднесе оставка од неговите позиции во руски Росњефт, а тој е обвинет и дека го оправдувал Владимир Путин во врска со Украина.
Инаку, поранешните канцелари во Германија имаат право на одредени привилегии, кои тешко се одземаат, бидејќи потпаѓаат под заштита на сопственоста.
Шредер досега имал на располагање седум вработени и шест соби во Бундестагот, кои државата ја чинеле 407.000 евра годишно.
Во март речиси сите функционери поднесоа оставки, а канцеларијата падна на едно лице.
ЦДУ/ЦСУ побараа укинување на сите привилегии на Шредер, вклучително и личното обезбедување, како и канцеларската пензија.
Но, владејачката Социјалдемократска партија на СПД не сака укинување на сите привилегии, туку само „завртување на финансиската чешма“.