На Сибир забележани рекордни минус 73 степени Целзиусови

од Stefanija Kuzmanovska
173 прегледи

Во средата, на 11 јануари студен бран од -73 степени Целзиусови го погоди селото Есеј во северниот дел на Краснојарската област во Сибир, јави телевизијата ТВК.

Според локалните жители, тие не паметат вакво студено време во селото. Русите рекоа дека студот бил толку силен што е тешко да се дише.

„За да ги загреете стапалата, задолжително носете валенки (руски чизми) или чизми со топли чорапи. Не можете да носите ни обична јакна – само крзнено палто или дебела долга јакна. Без ракавици не можеш да бидеш надвор ни минута“, навеле жителите.

Во исто време, според телевизијата, Есеј има парно само во јавните институции, а на ова студено време и на струја не е доволно, па мештаните користат дрва.

Денеска во селото се забележани -60 степени. Според жителите, просечната зимска температура во Есеј е околу -50 степени.

Слични содржини