Денеска наутро во официјалниот весник на Европската унија ќе биде објавена листата на 19 физички и 9 правни лица против кои Брисел ги воведува последните санкции во врска со украинската криза, пренесе РИА Новости. Санкциите ќе влезат сила од моментот на објавувањето на имињата на санкционираните , меѓу кои има и руски државјани.
Одлуката за проширување на листата беше донесена на 29 јануари по бомбардирањето на украинскиот град Мариупол. Тогаш министрите за надворешни работи од ЕУ одлучија да го продолжат дејството на индивидуалните санкции до септември 2015 година. Во моментов во оваа листа се вклучени 132 лица, вклучувајќи руски официјални лица и претставници на самопрогласена Доњецка и Луганска народна република, како и 28 правни лица.
