На „Скендербег“ положени венци, се очекува да пристигнат посмртните останки на загинатите во автобуската трагедија

од Берта Китинска
254 прегледи

На плоштадот Скендербег во Скопје веќе се поставени венци по повод пристигнувањето на 45-те жртви во страшната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија.

Граѓаните кои сакаат да оддадат почит, имаат можност тоа да го сторат на плоштадот Скендербег во периодот од 10 до 13 часот.

Државниот дочек на посмртните останки од загинатите граѓани во трагичната автобуска несреќа во Република Бугарија, ќе започне околу 10:55 часот на Меѓународниот аеродром „Скопје”, а истиот ќе може да се проследи преку следниот линк.

Фото:Принтскрин/ТВ21

Слични содржини