На состаноците во Италија тема е приватниот живот, а во Британија не е

од Vladimir Zorba
351 прегледи

Италијаните и Шпанците на првиот деловен состанок ќе иснесуваат детали од приватниот живот, а Британците тука ќе подвлечат црта и темата ќе ја свртат на временската прогноза. Деловните луѓе во Франција, Италија, Германија, Шпанија, Велика Британија и Русија ја делат желбата да го познавате нивниот јазик. Тоа не мора да биде совршено познавање на јазикот, но неколку основни фрази и деловни зборови би можеле полесно да ви ја отворат вратата. Исто вреди за посетниците кои сите со задоволство ги прифаќаат, но плус е ако ги преведете на јазикот на домаќинот. Кога со потенцијалниот деловен партнер конечно ќе се сретнете лице в лице, задолжително први пружете рака.

Германците ќе го ценат силното стегање , а во Русија е важно да го одржувате контактот со очи во текот на првата средба. Италијаните отишле чекор понатаму, па често со ракувањето тешко ќе го избегнете бакнежот во образ. Лежерност очекуваат и во деловната комуникација, која повеќе изгледа како разговор помеѓу пријатели отколку деловен состанок.Важно им е да се воспостави меѓусебна доверба пред да се фрлат на работа. Слична ситуација се одвива и во Шпанија , каде на деловните состаноци често разговараат за темите од приватниот живот. Нормално е истовремено да зборуваат неколку луѓе, но ако некој ви упадне во збор  немојте да се увредите бидејќи Шпанците така разговараат и во приватниот и во деловниот живот. И Британците сакаат опуштени теми, но не сакаат да слушаат премногу детали од вашиот интимен живот. Разговорот свртете го на временската прогноза бидејќи тоа им е една од најдрагите теми. А Французите не сакаат да разговараат за приватниот живот и комуникацијата им е строго деловна, па подгответе се дека сакаат да расправаат баш за секој детал.

И Германците силно го одвојуваат деловното и приватното, па не очекувајте никакво дрдорење. После ракувањето и запознавањето не заборавете на правилно именување. Во Европа е нормално преку нет запознаената особа да ја именувате со правилната титула и полното име. Во државите како Италија и Германија се преферира користење на деловните титули за да се истакне професионалната или академската положба, но ако не сте запознаени со титулата, доволно е и да се обратите со „господине/госпоѓо„ (на јазикот на домаќинот)и да го изговорите презимето. Русите не сакаат доцнење. Сериозните Руси нема да ви толерираат ако задоцните на работа или состанок, но затоа самите често доцнат. Подароците се нормална работа, но ги прифаќаат дури после неколку средби.

Шпанците се најопуштени.На состанокот со неколку Шпанци тешко ќе дојдете до збор , а можете да заборавите и на деловниот план. Тој постои само како буква на хартија бидејќи никој не се придржува до него. Британците сакаат комуникација по меил . Пред средба со британскиот шеф добро е да размените што повеќе меилови или телефонски разговори бидејќи во Велика Британија таквиот облик на комуникација е најприфатен. Италијанците одолговлекуваат. Ако се вработите во Италија, подгответе се на долготрајни состаноци бидејќи Италијаните детално расправаат за се . Французите се држат до распоредот. Во Франција заборавете на доцнење и добро прочитајте го планот на деловниот состанок бидејќи и Французите навистина и го држат.