На „Табановце“ за влез и излез од државата се чека околу еден час

од Stefanija Kuzmanovska
271 прегледи

АМСМ информира дека поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од државата на граничниот премин (ГП) „Табановце“ е околу еден час, а на преминот „Богородица“ за излез од државата се чека 30-на минути.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Слични содржини