На „Табановце“ за влез во Македонија се чека околу еден час

од Stefanija Kuzmanovska

АМСМ соопшти дека поради зголемена фреквенција на возила, на граничниот премин „Табановце“ времето на чекање за влез во државата е околу еден час, а на преминот „Богородица“ за излез од државата се чека околу 30 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Слични содржини