На Табановце приведен албански државјанин со фалсификуван пасош

од desk4
100 прегледи

Албански државјанин со фалсификувана патна исправа е лишен од слобода на Табановце при обид да излезе од Македонија.

Како што соопшти МВР, На 09.02.2019 година во 09.15 часот на граничниот премин Табановце, за излез од Македонија, по извршена пасошка контрола на З.К. (25) од Албанија констатирано е дека патната исправа е фалсификувана.

Лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.