232
Од АМСМ соопштија дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Тие додаваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, времето на чекање за излез од државата е повеќе од 1 час.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.