На Табановце за излез од државава се чека два часа

од Vladimir Zorba

На граничниот премин Табановце за излез од државата попладнево се чека околу два часа. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од денеска регионалниот патен правец кој води преку Националниот парк Галичица е нормализиран за секаков вид на сообраќај. Тој беше во прекин поради изведување градежни активности.

Од АМСМ за утре најавуваат прекин на сообраќајот на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – село Врбјани, поради изведување градежни работи на пат (минирање). Сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 11:30 и 14:30 часот во времетраење од 15 до 20 минути.

Слични содржини