На „Табановце” за влез се чека еден час, на „Богородица” половина час

од Nikola Popovski
227 прегледи

АМСМ информира дека на граничниот премин „Табановце“ за влез се чека околу еден час, додека на преминот „Богородица“ за излез се чека околу 30 минути.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Вакви гужви во правец кон Грција се карактеристични за викендот и овој дел од годината бидејќи голем број граѓани и туристи се упатуваат кон Егејското море, а гужвите од граничните премини продолжуваат кон Халкидики.

Слични содржини