348
Хасидската синагога во Бруклин беше домаќин на свадба на која присуствуваа 7.000 луѓе без маски среде пандемија на коронавирус, објави „Њујорк пост“.
На снимката е прикажана преполната синагога Сатмар, во која можат да се сместат 7.000 луѓе, а настанот се случил на 8 ноември.
„Треба да се спроведе истрага во врска со наводите дека била одржана тајна венчавка на која илјадници гости биле без маски“, рече гувернерот на Њујорк Ендру Куомо, пренесе АП.
Тој додаде дека ако тоа навистина се случило, тоа е „огромно кршење на законот“.
„Она што е сторено е незаконско. Исто така, станува збор за непочитување на граѓаните на Њујорк“, додаде тој.