Штетата предизвикана од организираниот криминал во 2021 година ја чинеше Германија 2,2 милијарди евра, што е двојно повеќе од 2020 година, се наведува во Федералниот извештај на Сојузното Министерство за внатрешни работи и Канцеларијата за криминалистичка полиција, пренесува „Газета експрес“.
Приходите на криминалците во 2021 година изнесуваат 1,4 милијарди евра, од кои најголемиот дел е резултат на трговија со дрога.
Според овој извештај, зголемен е и бројот на истраги во секторот за организиран криминал, од 600 на 700. Благодарение на дешифрирањето на платформите, бројот на Албанци и граѓани на Косово организирани во криминални групи, кои се под истрага за учество во Зголемен е и криминалните организации, пишува Дојче веле.
Во извештајот се наведува дека во Германија во 2021 година биле под истрага околу 40 банди предводени од Албанци, од кои огромно мнозинство биле вклучени во трговијата со наркотици, пренесува Косово онлајн.
Во само четири случаи, бандите биле вклучени во даночни кривични дела, нелегална трговија со луѓе, перење пари и економски криминал.
Оваа бројка во светот на организираниот криминал ги рангира Албанците повторно на трето место по Германците (261) и Турците (90). На шесто место се криминалните групи од Косово, од кои 20-ина, по Русите и Полјаците. Десеттото место го заземаат Србите, кои се организирани во 14 банди.