На вакцинација со силиконска рака: Со измама сакал да добие ковид-сертификат

од Nikola Popovski
223 прегледи

Бизарен случај за обид за добивање ковид-сертификат преку измама е откриен во Италија. 50-годишен Италијанец се обидел да ги излаже медицинските лица со силиконска рака, наместо со својата на вакцинација.

Во градот Бијела во Пиемонт, 50-годишниот Италијанец се пријавил за првата вакцина, но не сакајќи навистина да ја прими, ставилл силиконска рака на рамото мислејќи дека ќе помине без проблем, а медицинската сестра дека нема да забележи.

Иако силиконската рака многу наликувала на бојата на вистинската кожа, дежурните здравствени работници во центарот за вакцинација веднаш сфатиле за што се работи и останале зачудени.

Сепак, и тоа не било доволно за снаодливиот Италијанец. Сакајќи потоа да ја добие ковид-потврдата, а не да ја прими вакцината, се обидел со пари да ги поткупи здравствените работници.

Случајот е пријавен во полиција, а против овој граѓанин ќе биде поведена постапка пред судот.

Фото: Ansa

Слични содржини