На врвот на својата популарност се повлече од јавноста: Каде е денес легендарниот Готје?

од Stefanija Kuzmanovska
294 прегледи

Белгиско-австралискиот музичар Воутер Андре „Воли“ Де Бејкер, попознат како Готје, го освои светот во 2011 година со песната „Somebody That I Used To Know“, која ја сними со пејачката Кимбра од Нов Зеланд.

Роден е на 21 мај 1980 година во Бриж, но во втората година се преселил со родителите во Австралија, каде што го поминал најголемиот дел од својот живот.

Првата песна „Out Here in the Cold“ ја објавил во 2001 година, но светската популарност ја стекна 10 години подоцна, со споменатиот дует со Кимбра.

За оваа песна тие снимија впечатливо видео во кое двајцата стојат потпрени на ѕид, додека ги „прекриваат“ различни бои и геометриски форми.

Овој хит почнаа да го пеат музичари ширум светот, а беше број еден на Билборд топ-листата. Тоа му донесе престижни награди во светот на музиката, како Греми и БРИТ наградата.

Но, наместо да ја „искористи“ стекнатата слава, Готје се повлече од овој „проект“ и истакна дека најверојатно повеќе нема да објавува песни под овој псевдоним, па досега остана доследен на својата изјава.

Тоа не значи дека престана да се занимава со музика. Тој сега е тапанар и пејач во бендот The Basics, а на социјалните мрежи промовира различни уметнички проекти преку кои се труди да го зачува наследството на разни музичари.

Беше во долгогодишна врска со пејачот Таш Паркер, а во 2018 година со партнерката Мода ја доби ќерката Леони. Освен овие информации, малку се знае за неговиот приватен живот.

Слични содржини