На жена ѝ го скршиле автомобилот во Задар поради знаменце на Динамо, „Бед блу бојс“

од Milan1
19 прегледи

Непознати вандали неодамна во близина на Задар на хрватското приморје со камен го искршиле прозорецот на автомобил во кој го забележале амблемот на загрепскиот фудбалски клуб Динамо. Сомнежот, разбирливо, падна на припадници на навивачката група на Хајдук од Сплит, „Торцида“ чија децениска нетрпеливост кон Динамо, Загреб и ривалската група „Бед блу бојс“ е добро позната, пренесе „Вечерњи лист“.

Инцидентот се случил кај плажата Сабуникe во Задар, каде жената, која летувала со своите две деца, го паркирала автомобилот. На одење, таа забележала дека некој ѝ го скршил предниот прозорец од возачката страна со голем камен. Вандалите го скинале знаменцето со грбот на Динамо, за кое жената вели дека имало сентиментална вредност. Таа го пријавила случајот во локалната полиција, но, како што се покажа поважно, ја објави приказната со фотографии на социјалните мрежи.

Објавата стигна до многу луѓе, а веднаш реагираа навивачите и самиот клуб Динамо, преку фондацијата „Нема предавање“, кои соопштија дека ќе ја платат штетата на автомобилот. Во меѓувреме, се јавиле и многу други луѓе и здруженија, од кои дел подготвиле и посебни пакети и подароци за жената и нејзините две деца.

Таа вели дека била трогната од реакцијата на јавноста и од понудите што ги добила.

„„Ме трогнаа, бев навистина изненадена. Сакав да се сподели на што е можно повеќе платформи, за сторителот да го види. Можеби сега нема да му значи ништо, но можеби ќе разбере еден ден кога ќе има деца“, вели жената за „Вечерњи лист“.

Слични содржини