171
39-годишен маж од Пробиштип доби кривична пријава поради тоа што ја злоупотребил платежната картичка на неговиот татко, правејќи вкупно 39 трансакции со неа, соопшти МВР.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против И.Ј.(39) од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка“.
Во периодот од март до октомври 2022 година, пријавениот набавил банкарски податоци од дебитна платежна картичка на неговиот татко, по што преку интернет извршил 39 успешни трансакции кон повеќе домашни правни лица, со што го оштетил за износ од 74.465 денари, соопшти полицијата.