Правниот тим на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, обвинет за злоупотреба на својата положба во четри јавни набавки на брифинг со новинарите оцени дека набавката пред се на софтверот за сообраќајни казни за системот камери „Сејф сити“ била легално спроведена со одлука на владата. Иако Обвинителството го знае тоа, како што нагласи неговиот правени тим, продолжува да го гони. Одбраната досега се уште не почнала со изведување на своите докази, а обвинителството ги повикува своите сведоци и ги презентира своите докази против Рашковски.
– Досега апсолутно со ништо не потврдено никакво сторено кривично дело и тоа по завршената доказна постапка од страна на Овбвинителство ќе го потврдиме уште еднаш. Останаа уште 5 – 6 сведоци, но после ќе одиме со еден афирмативен пристап односно доказните материали и сведоците предложени од наша страна со цел не да извојуваме победа, затоа што победата не императивот за она за што се бориме, туку да дојдеме до еден прогрес. Прогрес кој што ќе значи не само начин за борба за правда, прогрес што ќе значи еден нов начин на презентирање на доказна постапка од страна на обвинетите лица, и на крај да завршиме со круна за која се води целиот процес, а тоа е фактичко презентирање на она што е набавено, велат од правниот тим на Рашковски.
Ноември месец се очекува да биде бурен за одбраната на Рашковски пред Основниот кривичен суд во Скопје.
Рашковски и неговиот правен тим ги негираат тврдењата на Обвинителството дека за предметната јавна набавка, не постои одлука за јавана набавка. Од таму додаваат, дека одлуката е донесена во законска процедура, од надлежен орган, која што одлука не само што е законска, туку според нив е донесена од надлежен правен орган.
„Тезата дека не постои одлука за набавка на софтвер е апсолутно ја побиваме, ја демантираме и нормално во судското рочиште ќе ја докажеме“.
Рашковски вели дека Обвинителството во јуни 2021 година добило допис од страна на Генералниот секретаријат на Владата дека целокупната опрема е набавена и постои во Владата, но не му е јасно зошто обвинителството истото не го предложува во доказната постапка во обвинителниот акт што се води против него.
„Изјава, односно допис, доставен од страна на генералниот секретар тогашен Мухамед Зеќири со кој што ја потврдува инсталацијата на таквите софтвери, го потврдува доставениот хардверски материјал и со тоа е потврдено дека таквата јавна набавка во целост е реализирана“, вели Драги Рашковски.
Правниот тим на Рашковски ја оспорува и тезата на Обвинителството дека софтверот е набавен за потребите на Министерството за внатрешни работи (МВР), што според нив, не точно.
– Обвинителството засега успешно пласира неточна теза дека софтверот е набавен за потребите на МВР, што не е точно. Од самата одлука за набавка се гледа дека истиот е набавен за потребите на Владтата. Во точка четири од предметната набавка точно е наведно, велат од одбраната на Рашковски.
Од одбраната на Рашковски, исто така, ги демантирата тврдењата дека не постои технички предаден софтвер.
– Оваа теза се наметнува се со цел во недостаток до аргументи да се дојде до уценување, пласирање на дезинформаци, односно правење на некаква јавно мислење дека тоа што е набавено е нефункционално. Од каде потекнува ваквата теза, од сведочење на лице кое што во предметот е ангажирано како вешто лице, меѓутоа може да се обратите и до Влада, односно ќе може да видите на самото рочиште презентирање на функционалностите на самиот ситем, дека системот е инсталиран многу порано откога истече крајниот рок. Имаме предложено во доказна постапка реконструкција на случај во кој што, ќе избереме некоја главна делница, каде што новинарите и граѓаните ќе може да ги видат функсионалностите на самиот ситем, наглсуват од одбраната на Рашковски.
Од таму како материјална поткрепа дека се е реализирано на начин на кој го пропишува законот е и со записник за техничко примопредавање, во кој е наведено што се предава, кои се функционалностите и дека заедно со предавање на самиот софтвер се предава и изворниот Код.
„Тоа е многу битен момент затоа што изворниот код е понатаму развојна компонента за останатите кои би продолжиле да го надградуваат, употребуваат. Ако го немате изворниот код вие сте добиле еден готов производ кој неможе да го менувате“.
Одбраната ќе бара од Судот да наложи до Владатата опремата, бидејќи не e габаритна, да ја донесе во судница за да видите за што станува збор.
Рашковски како и поранешниот премиер Заев, во чиј прв мандат беше генерален секретар, тврдат дека софтверот е набавен со потреба и со владина одлука и дека нема докази против него. Истото го тврдеше и денеска.
Тој верува дека набавката на софтверот и анализата на податоците би можеле да помогнат да се открие вистинскиот број на сообраќајни прекршоци наспроти тие што ги регистрира полиција и смета дека со анализата и примената на ваквиот софтвер можеле да се намалат жртвите во сообраќајот и до 50 отсто.
Судењето на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, кој заедно со уште шест лица се товари за нелегалната набавка на софтвер, продолжува на 1 ноември, откако на рочиште вчера во Основниот кривичен суд – Скопје беа сослушани повеќе сведоци предложени од Обвинителството.
Рашковски тврдеше дека софтверот треба да биде дел од т.н. „Сејф сити“, но единствената институција со право да казнува, Министерството за внатрешни работи, брзо ја урна тезата на Рашковски со ставот дека ниту барало ниту планира да го користат софтверот за кој никој не го прашал.
Д.Ј.