Нацева најави капитални проекти, со акцент на развој на патната и на комуналната инфраструктура во Неготино

Како што рече, гласот за неа е глас за подобра иднина, за проекти кои ќе се реализираат со програма и стратегија.

од Бисера Трајковска
3 прегледи

Kандидатката за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Нацева, на денешниот настан одржан во општина Неготино, истакна дека гласот за број 9 е глас за капитални проекти во повеќе области, за подобра иднина на граѓаните во Неготино.

Како што рече, гласот за неа е глас за подобра иднина, за проекти кои ќе се реализираат со програма и стратегија, како во делот на патната и комуналната инфраструктура така и во многу други области од големо значење за граѓаните на општина Неготино.

Посочи дека во делот на програмата којашто ВМРО-ДПМНЕ ја нуди има голем број на капитални проекти, каде што даваат акцент на развој на патната и на комуналната инфраструктура, изградба на концертна сала, реконструкција на кружен тек на влезот во Неготино и изградба на кружен тек од излезот на Неготино спрема Кавадарци.

-Останати проекти на кои сакам на кратко да дадам акцент е реконструкција на старата социјална зграда, реконструкција на спортскиот комплекс околу спортската сала Младост, нагласи Нацева.

Таа посочи дека ќе се инвестира во делот на образованието, со реконструкција на училишта, со доделување на стипендии и финансиска поддршка за првачињата, притоа наведе дека ќе се овозможи и бесплатно патување за пензионерите и ќе се промовира локалниот туризам.

Слични содржини