И покрај своето име, националниот парк “Стоте острови“ всушност не се состои од 100 острови, туку од 124 . Тие се расфрлани во заливот Лингајен , кој се наоѓа во северниот дел на Филипините со површина од 16,76 квадратни километри.
Се смета дека островите датираат од пред најмалку два милиони години и биле дел од древен корален гребен во античко Море.Кога нивоата на ова море се намалиле драстично, островите се покажале на површината, а водата ја извајала нивната форма во текот на илјадници години.
На многу од островите има плажи, но голем дел од нив не се ништо повеќе од древни корали со вегетација. Во викендите островите со плажи се омилена дестинација и се исклучително посетени. Всушност само три острови се развиени за туристите – Governor Island, Quezon Island и Children’s Island.
Тие нудат безброј можности за водни активности како што е нуркањето или возење кајак. За жал, голем дел од подземните корали во националниот парк биле оштетени од катастрофалниот начин за риболов, кога се користи цијанид и динамит, иод тајфуните кои не се реткост во овој дел на светот.

Од 2005 година наваму Филипинските власти почнаа да ги контролираат островите повеќе. Нуркањето е ограничено на одредени зони, а и се следи строго за незаконски риболов.





