Над 150.000 пингвини настрадале поради санта мраз со големина на Рим

од Vladimir Zorba
111 прегледи

Најмалку 150.000 пингвини настрадале на Антарктик откако санта мраз со големина на градот Рим им го блокираше патот до океанот, објавија австралиски научници.

247318

Во такви околности животните морале да користат заобиколен пат кој е долг 60 километри за да би стасале до храна, што за многу од нив било погубно.

Истражувањето кое го спровеле експерти од Истражувачкиот центар за климатски промени покажало дека од 2011 година колонија од 160.000 пингвини се смалила на едвај 10.000 единки.
Според неговите проценки, ако сантата мраз не се измести, колонијата ќе исчезне за 20 години.