Над 150 лица уапсени на демонстрациите во Париз (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
341 прегледи

Најмалку 150 лица беа уапсени во саботата во Париз на протести против законот за безбедност и растечкиот проблем на исламофобија во земјата, соопшти „Дејли Мејл“.

Додека во Франција се расправа за нацрт-законот за безбедност, кој беше критикуван со образложение дека може да ја наруши слободата на медиумите и да го зголеми полициското насилство, истовремено растат реакциите на полициското насилство врз новинарите и активистите.

Демонстрантите се собраа на плоштадот „Шателе“ во Париз, извикувајќи пароли и носејќи транспаренти против претседателот Емануел Макрон и барајќи повлекување на нацрт-законот за безбедност.

На протестите учествуваа и граѓани кои се противат на исламофобијата, изразувајќи незадоволство од антиисламските ставови на администрацијата на Макрон и законот за „сепаратистите“ насочен кон муслиманите.

Повремено имаше тензии меѓу демонстрантите и полицијата кои маршираа кон плоштадот Република. Демонстрантите запалија мотор.

Беа преземени високи безбедносни мерки за време на демонстрациите во Париз.

Во Франција се одржаа десетици мали протести против нацрт законот за безбедност и растечка исламофобија, а полицијата употреби солзавец против демонстрантите во Лион.

Слични содржини