Над 200 мигранти се обиделе насилно да ја преминат белоруско-полската граница

од Milan1
245 прегледи

Во средата вечерта повеќе од двесте илегални имигранти од Белорусија насилно ја преминале границата и влегле на територијата на Полска, изјави портпаролката на полската граничари Ана Михаљска.

Пробивот се случил околу 19 часот на делот од граничниот одред во Черемша. Мигрантите се однесувале агресивно, фрлале камења и шипки кон безбедносните сили, а биле активно поддржани од „белоруските служби“, додаде портпаролката.

„Околу 230 луѓе преминаа на полска страна на растојание од неколку метри. Тие се приведени и вратени на граничната линија“, прецизира таа.

Седум лица останаа на територијата на Полска, а пет на кои им е потребна медицинска помош се хоспитализирани.

Слични содржини