Околу 2 000 бегалци се обидуваат да преминат на хрватска територија од српскиот пограничен град Беркасово, но граничните власти не им дозволуваат, објавија локални и светски медиуми.

мигр

По судирот меѓу бегалците и полицијата, властите почнаа да пропуштаат групи од 10 до 20 лица преку границата.

Сирискиот бегалец Мохамед Ал Ханид раскажува за ситуацијата на границата: “Ние стоиме тука од утрината, имам шест деца со мене, три жени, и одевме цела ноќ, за да стигнеме тука. Тоа е ужасно.”

Поголемиот дел од бегалците најверојатно ќе ја поминат ноќта во шатори, и покрај студеното време.

Слични содржини