198
Над 220.000 евра ќе потроши градоначалникот на општина Гази Баба за времени вработувања за 2023 година, пренесе 24 инфо.
Според Договорот што го потпишал Стефковски со приватната агенција за вработување 14 милиони денари ќе се потрошат за привремени вработувања во општината, а времетраењето на услугата е 12 месеци.
Во последниот месец неколку општини како Аеродром, Кочани и Илинден склучиле вакви договори, но нивните суми беа далеку пониски отколку она што ќе го потроши општина Гази Баба.