Над 30.000 потврдени случаи на „КОВИД-19“ регистрирани во 54 земји во Африка

од Vladimir Zorba

Повеќе од 30.000 потврдени случаи на „КОВИД-19“ се регистрирани во 54 земји во Африка, објави денеска Африканскиот центар за контрола и превенција на болести.

Досега, 1,374 луѓе починале од вирусот во Африка, се вели во извештајот.

Само две африкански земји не пријавиле случаи на заболување – Кралство Лесото, мала планинска држава во јужна Африка и островот Коморос во Индискиот океан.

Јужна Африка има најголем број случаи на КОВИД-19 на континентот со 4.361, по што следат три држави во Северна Африка: Египет со 4.319 случаи, Мароко, 3.897 и Алжир со 3.256 случаи.

Слични содржини